| четврток, 6 декември 2018 |

Метеомакс предупредува: Африкански бран ќе ја поклопи Македонија

Во текот на следните неколку денови а особено до петок граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да пијат што повеќе течности а доколку излегуваат со себе ЗАДОЛЖИТЕЛНО да понесат заштитна опрема и тоа капа и наочари за сонце.

Старите и изнемоштени лица ги советуваме во НИКОЈ СЛУЧАЈ да не се движат и да не бидат изложени врз сончевото зрачење и тоа во периодот некаде од 10 до 18 часот.

Токму ова предупредување го издаваме поради Африканскиот бран кој ја зафати нашата држава и кој максимумот ќе го достигне во петок кога ќе биде и најтопло кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 – 34 степени.

Во текот на попладневните часови особено на планинските места но и во оние населени места кој се во близина на планините ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА ВРЕДНОСТ и ќе има коефициент некаде од 10 до 11.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top