| четврток, 6 декември 2018 |

Германија го објави бројот на вработени во македонските фирми со германски капитал

Во Македонија работат околу 200 фирми со германски капитал, во кои се вработени над 20 илјади луѓе. Германија и Македонија во 2017 година оствариле трговска размена од 3,15 милијарди евра. Добриот развој на економските односи денеска го поздравија министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и германскиот амбасадор во Скопје Томас Герберих.

Амбасадорот Герберих оценил дека стабилизацијата на политичката клима, работата на реформскиот процес, особено обезбедувањето на правна сигурност се значајни фактори за германските компании да инвестираат во Македонија, и очекува дека позитивниот тренд во економските релации помеѓу двете земји ќе продолжи и понатаму, објави DW.

Министерката Апостолска го информирала амбасадорот дека преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, ќе почне стимулирање и поддршка на странските и домашните компании на транспарентен и недискриминирачки начин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top