Серж Дасолт, еден од најбогатите луѓе во Европа, почина на 94 години од срцев удар, известува Би-Би-Си.
Дасолт го наследи својот татко на челото на Дасолт групацијата, меѓународно позната по воените авиони Мираж и Рафал, а во чија сопственост има неколку аеронаутички фирми и фирми кои произведуваат оружје.
Освен тоа, Дасолт групацијата го контролира весникот „Ле Фигаро“, а произведуваат и сопствено вино. Земајќи ги во предвид широкиот спектар на фирми во сопственост на неговата групација, не чуди што Серж Десолт беше еден од најбогатите луѓе во Франција, а неговата вредност е проценета меѓу 26 и 27 милијарди долари.
Освен наведеното, овој француски милијардер бил и политичар. Бил конзервативен сенатор и градоначалник на предградието на Париз, Корбејл- Есон.
-Франција изгуби голем индустријалец, јавноста голем шеф на медиум, а јас пријател, изјави поранешниот француски претседател Никола Саркози.
Минатата година парискиот суд го прогласи Десолт за виновен за измама, односно перење пари, откако не го пријавил своето богатство на даночните органи. Мораше да плати 2,3 милиони долари казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст