| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка кај Визбегово: Со машина за сечење дрва удриле во „Опел Вектра“ па се превртеле, двајцата починале на Клиника

Вчера околу 19.40 часот во Скопје, на патот од Визбегово кон населбата Шуто Оризари, С.Ш. (48) управувајќи работна машина за сечење дрва, удрил во патничко моторно возило „Опел вектра“ со скопски регистерски таблици управувано од М.Д. (57), при што работната машина се превртела.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.Ш. и неговиот сопатник Е.Ѓ. (58) и двајцата со возило на итната медицинска помош се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Е.Ѓ. набргу по пристигнувањето на клиниките починал, додека пак С.Ш. им подлегнал на повредите неколку часа подоцна. Јавен обвинител и увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје извршиле увид на местото на настанот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top