27 годишниот Томас Ентвисл и неговата сопруга 24 годишната Ребека останале шокирани кога се вратиле од одмор и околу куќата затекнале необична глетка.
Тие после враќањето од одмор околу куќата затекнале два метри висока ограда, која ја споредиле со Берлинскиот ѕид.
Брачниот пар верува дека оградата ја кренал фармер кој се спори со градителот на населба во градот Блекбурн во Ланкашир, пренесува Метро.
Дрвената ограда поминува само пола метро од нивната куќа вредна 220.000 фунти.
-Ова беше нашиот дом од соништата, а сега се претвори во ноќна мора, се чувствуваме како да сме во затвор, коментираше Томас, инаку наставник по музико.
Тој вели дека тие во спор кој нив воопшто не ги интересира.
Оваа глетка ги затекнала после враќањето од 11 дневниот одмор во Доминиканската Република.
-Ребека е стално во солзи. Очајна е, немаше предупредување, оградата само се појави. Веќе не се ни сигурни дали сакаме да живееме овде, вели несреќниот Томас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст