| четврток, 6 декември 2018 |

„Спајдермен“ Гасама кој спаси дете од сигурна смрт стана почесен граѓанин на Париз (Видео)

Мигрант од Мали стана национален херој на Франција откако во саботата се искачи по фасадата на една зграда во Париз за да спаси дете што висело од терасата на четвртиот кат. Мамуду Гасама за помалку од една минута успеал од една на друга тераса да стаса до четиригодишното момче, додека маж од соседниот стан се обидувал да го задржи.

Гасама стана толку популарен за неговата храброст и хуманост што денеска беше повикан на прием кај францускиот претседател, Емануел Макрон во Елисејската палата, кој лично да му се заблагодари и му врачи одликување за храброст. Макрон најави дека Гасамаз ќе добие француско државјанство и ќе се вработи како пожарникар.

Гасама во изјава за француските медиуми рече дека кога видел дека дете виси на терасата, воопшто не размислувал.

Го направив тоа зато што беше дете во прашање. Се качив… Фала му на Бога што успеав. Кога го зедов в раце, го прашав:„ Зошто го стори тоа?“ Но, тој не ми одговори, рече Гасама.

Од противпожарната служба изјавија дека кога пристигнале детето веќе било на сигурно.

За среќа, имаше некој кој е физички подготвен и кој имаше храброст да го спаси детето, изјави портпаролот за новинската агенција АФП.

Според локалните власти, кога се случил инцидентот, родителите на момчето не биле дома.

Таткото бил повикан во полиција на испрашување под сомневање дека го оставил детето без надзор, велат судски извори. Мајката наводно во тој периоd не била во Париз.

Градоначалничката на Париз, Ана Хидалго, го пофали херојството на 22-годишниот Гасама, нарекувајќи го “Спајдермен од 18-ти”, алудирајќи на квартот во Париз, каде што се случи инцидентот.

Таа рече дека градот е подготвен да му помогне на мигрантот од Мали кој дошол во Париз пред неколку месеци, да му го исполни сонот да остане тука. Според Хидалго неговиот херојски гест е пример за сите граѓани.

Спајдермен Гасами се искачи на зграда и спаси дете (Видео)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top