| четврток, 6 декември 2018 |

Салах: Тешка ноќ за мене, но јас сум голем борец…

Ливерпул не успеа да ја прекини доминацијата на Реал Мадрид во Лигата на шампионите и со 3-1 го загуби финалето на „Олимпико“ во Киев. Момците на Клоп започнаа одлично, но кон средината на првиот дел следуваше шок, откако незгодна повреда заработи првата ѕвезда Мохамед Салах и предвреме го заврши големото финале.

Првичните информации велат дека Салах нема да може да ѝ помогне на својата селекција на претстојното Светско првенство во Русија, но не мисли и така најдобриот египетски фудбалер во последните години.

„Тешка ноќ за мене, но јас сум борец. И покрај предвидувањата јас сум убеден дека ќе бидам во Русија и ќе го направам мојот народ горд. Вашата љубов и вашата поддршка ми ја даваат силата која ми треба“, напиша асот на Ливерпул на Твитер.

Салах по еден дуел со Рамос незгодно падна и се здоби со повреда на рамото, по што не можеше да го доигра мечот и на негово место влезе Адам Лалана.

gol.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top