| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовско: Тинејџери претепани со метални боксирачи од двајца малолетници

Вчера околу 1 часот и 30 минути по полноќта, две 17-годишни лица од тетовското село Долно Палчиште во присуство на нивните родители, пријавиле дека на 26-ти мај околу 22 часот и 30 минути, во близина на малиот стадион во селото, физички биле нападнати, исто така, од двајца малолетници од Калник, на возраст од 15 и 16 години, соопшти денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Оштетените биле удирани со метални боксирачи по главата и притоа им биле нанесени видливи повреди. Нападнатите од други лица биле пренесени се во тетовската клиничка болница заради укажување лекарска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top