Нонпејперот од европските државници како меур од сапуница ги распрсна лажните надежи и ветувања до граѓаните од Зоран Заев и Радмила Шекеринска за евроатлански интеграции како велеа, најдоцна за 6 месеци!, ова денеска на прес конференција го потенцираше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Велеа: Знаеме како! Нонпејперот го прикажа вистинското светло на лажната Кристално чистата препорака за отворање на европските преговори! Нонпејперот и реакцијата на власта по него, ја покажа вистинската игра- дека оваа „ЌЕ влада“ евоатланските интеграции ги сведува само на распродажба на македонските национални и државни интереси. Нонпејперот ги затвори устите полни со Извештајот на Рајнхард Прибе на актуелната власт! Нeма реформи, туку само партизација и злоупотреба на системот. Европската Унија гледа што се случува во Македонија и образложенијата „ВМРО е виновно за се” кои ги пласираат, веќе не минуваат. Од Е чекаат реализација на реформите. Овој нон пејпер е доказ дека ниту Заев ниту оваа екипа околу него нема капацитет да ги направи суштинските реформи. Единствено поле каде што се бележат прогрес е корупцијата која расте и се институционализира. И Европските лидери го посочуваат дека оваа “ЌЕ Влада” нема намера да го реформира правосудниот систем. Реформи кои нема да дозволат судство за политички монтирани случаи. Реформи против селективно судство кои имаат за цел владеачкиот картел да го заштитат, а сите други кои не размислуваат како нив да ги изложат на политички мотивиран прогон, потенцира Стоилковски.
Тој прашува прочем каде е разрешницата и за случајот со двајцата членови на влада за кои пред 7 месеци се обелодени дека биле oсомничени за корупција. Тоа само говори дека оние што се корумпирани, или сомничени за корупција сеуште се на високи државни функции и делото го повторуваат без да бидат санкционирани.
-Зоран Заев и неговата свита прокоцкаа цела година на граѓаните и на Република Македонија. Европската Унија гледа што се случува во Македонија и образложенијата веќе не им минуваат. Франција, Холандија, Данска но и другите европски држави не се непријатели на Македонија и не измислуваат. Критиките кои тие ги упатуваат во нон пејперот беа содржани и во извештајот, но за жал ретко кој во медиумите и во експертската јавност имаше храброст и капацитет да ги види и да укаже за истите. Затоа истите критики сега ги гледаме и во овој европски документ. Од Европската Унија чекаат реализација на реформите, македонските граѓани чекаат на реформите. Во меѓувреме реформиран е само криминалот, а здравството, економијата, вработувањата, социјалната помош, администрацијата, образованието, чекаат! Заглавени се исто како што се заглавени и низата проекти за подобро утре, оставени од минатата власт, а оваа нема капацитет да ги спроведе, рече Стоилковски.
Тој додава дека наместо напредок и реформи оваа “ЌЕ ВЛАДА” донесе стагнација и уназадување во сите области. Животот кој го ветуваа го заменија со антидржавно и антинародно владеење. Ова веќе не е Влада, ова е јарем околу вратот кој ја турка државата се подалеку од Европа. Македонија и граѓаните немаат време за губење. Колку побргу си заминете, толку подобро за државата и за нашиот народ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст