| четврток, 6 декември 2018 |

Страшно семејно насилство: Катарина искасапена со бебе во раце ползела по дворот

Дваесет и пет годишниот Милан Т. од Горна Гуштерица е уапсен поради сомнение дека се обидел да ја убие сопругата Катарина, која со тешки повреди ползела низ дворот.

Тој ја избодел 22-годишната Катарина 17 пати со нож, додека таа во рацете го држела нејзиното бебе. Несреќната жеа со тешки повреди е префрлена во болница во Крагуевац, додека на Милан му е одреден притвор од 48 часа.

На стравичното семејно насилство му претходела кавга помеѓу младиот брачн пар, кој има две малолетни деца.

Милан во налет на без го зграбил ножот и почнал да ја боде жената, која во прегратка го имала бебето. И нанел повреди по цело тело. Откако ја повредил, избегал од семејната куќа. Меѓутоа, полиција брзо го лоцирала во соседното село и го уапсила, пишува Курир.рс.

Иако била буквално искасапена, останала свесна. Ползела од куќата до дворот, каде крвава ја затекнале соседите и роднините, кои повикале Брза помош. Како што сведочат соседите, од нивниот дом често можло да се слушнат кавги и викотници.

Катарина се дбоила со 15 убодни рани во рацете, како и две во градниот кош. Убодите во градите биле само сантиметар од срцето, оштетени ѝ се крвни садови и нерви. По приемот во болницата дехидрирала, но се држела во свесна состојба. Во моментов е во стабилна состојба, но не се знае дали ќе заздрави за брзо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top