| четврток, 6 декември 2018 |

Карни со гол вреден стотина милиони фунти, Фулам во Премиер лигата (видео)

Шкотланѓанецот Том Карни го постигна единствениот гол во баражот за влез во Премиер лигата, носејќи им 1:0 победа на Фулам над Астон вила за победа која вреди милиони фунти за лондонскиот клуб.

Тимот на српскиот тренер Славиша Јокановиќ, дојде во водство во 23. минута, кога Карни доби одлична топка Сесењон и го совлада голманот Џонстон. Фулам потоа мораше да издржи пеколен финиш, откако во 70. минута, Денис Одои доби втор жолт картон, но и со 10 играчи лондонскиот клуб беше подобар од тимот на Стив Брус.

Фулам од следната сезона ќе се натпреварува во Премиер лигата, заедно со новаците Вулверхемптон и Кардиф, и ќе заработат околу 170 милиони фунти од ТВ-правата на најбогатата лига на светот во следните три сезони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top