Ова го покажува редовната телефонска анкета за перцепцијата на јавноста за работата на Собранието на Република Македонија спроведена на 17 и 18 јануари оваа година.
Анкетата е спроведена во рамките на Меморандумот за соработка меѓу Собранието и Вестминстерската фондација за демократија. Телефонската анкета е спроведена од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје и со неа се опфатени 1.123 испитаници на територијата на цела Република Македонија.
Имајќи ги предвид настаните што се случија пред и на 24 декември лани, кои значително можат да да влијаат врз пшерцепцијата на граѓаните за работата на Собранието, анкетата беше дополнета со уште две прашања.
На прашањето дали да се почитува редот и покрај заострените односи, со „да“ одговориле 1.056 граѓани – 94,1 проценти, со „не“ 46 граѓани – 4,1 и со „не знам“ 21 граѓанин, односно 1,8 процент.
На прашањето ако пратениците не го почитуваат редот, дали да се отстранат со „да“ одговориле 811 граѓани односно 72,3 проценти од испитаниците, со „не“ 191 испитаник – 17,1 проценти и со „не знам“ 120 граѓани – 10,7 проценти.
Средната оценка за работата на Собранието на Република Македонија во изминатата година е 2,82 што споредбено со резултатите од претходните анкети е за 0,04 процентни поени пониска во однос на ланската анкета и за 0,42 повисока во однос на 2010 година.
Во однос на работата односно водењето на седниците од вкупно 1.123 испитаници позитивно се изјасниле 603 односно 53,7 проценти, негативно 325, односно 29 проценти и со „не знам“ одговориле 195, одосно 17,4 проценти.
Споредбено со резултатите од 2010 и 2011 година, се забележува позитивен тренд на перцепцијата на граѓаните во однос на работата и водењето на седниците од претседателот Трајко Вељаноски. Од вкупно 1.123 испитаници позитивно се изјасниле 603 односно 53,7 отсто, негативно 325 односно 29 отсто, а со не знам 195 – 17,4 отсто. Во 2010 година позитивно се изјасниле 49,2 отсто, а во 2011 – 53,1.
Граѓаните негативно ја оценуваат работата односно дискусиите на пратениците на пленарните и комисиските расправи па така од вкупно 1.123 испитаници позитивно се изјасниле 321, односно 28,6 отсто, негативно 489 односно 43,6 и со „не знам“ одговоралие 313, одосно 27,9.
Во однос на отвореноста на Собранието за јавноста, 62,7 се изјасниле позитивно, со „не“ одговориле 28,3 проценти и со „не знам“ 9 проценти од испитаниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.