
Силна експлозија одекна попладнево на автопатот Белград- Загреб, кај месноста Пеќинац, по што запре сообраќајот и се создаде километарска колона, јавија српските медиуми.
Според неофицијални информации, се запалил камион кој превезувал дезодоранси, а се движел по коловозната лента во правец на Белград. За сега не се знае што го предизвикало запалувањето на камионот. Сроските медиуми јавуваат дека возачот не е повреден и успеал да го напушти камионот пред огнот сосема да го уништи. Двете ленти на автопатот, по час и половина прекин, повторно се пуштени во двата правци и километарската колона почна полека да се движи. Според зборовите на очевидци, по почетната силна експлозија, се слушнале уште неколку послаби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


