| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка рано утрово кај патарината Петровец: Автомобил се забил во банкина и жичана ограда

Рано утрово во 05.30 часот на автопат Скопје – Велес, во близина на патарина Петровец, патничко возило „Пежо-206“ со скопки регистарски ознаки, управувано од М.С. (25) од с. Петровец, скопско, удрило во метален браник и жичана ограда.

Притоа, возачот М.С. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен Центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top