| четврток, 6 декември 2018 |

Коњ кршел стакла од тераси на ресторани во Охрид (фото)

Коњ кој заталкал на Кеј Македонија во Охрид, во средата наутро кршел искршил стакла од терасите на неколку ресторани Кеј Македонија во Охрид јави порталот Охрид1.ком. Според очевидци коњот бил видно вознемирен, најверојатно животното не препознавало дека удира во стакла и со расечени и крвави нозе трчало по кејот.

На крај коњот бил фатен од вработени во Комуналец кои го врзале во тревник на кејот блиску до плоштадот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top