| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Македонија ќе победи, ќе го вратиме напредокот и ќе обезбедиме подобра иднина

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес одржа состанок со Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Штип и оствари средба со граѓани.

По средбата порача дека загриженоста за Македонија е заедничко чувство.

-Од власта не заковаа убедливо на дното во Европа по растот на економијата. Единствена држава во Европа во 2017та година со нула раст на економијата кога Светот доживува економска ренесанса и развој. Ај што не прават ништо од Владата, немаат ниту план. Затоа сме тука ние кои ќе помогнеме заедно да ја кренеме Македонија. На штипјани им реков дека кога ќе ги погледам студентите, младите во очи пред мене гледам уште една генерација која набрзо ќе биде преполовена. Тажно, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека целта на многумина е да ја напуштат татковината.

-Не ја гледаат иднината тука затоа што Македонија ја води човек, премиер аболиран три пати за криминал, затоа што остава пустош, безредие, беззаконие зад себе и не гради иднина. Но ние сме тие кои ќе ја вратиме надежта, и ќе го понудиме тоа што тие сега не го гледаат. Нашиот завет ќе биде нашата програма која ќе ја понудиме и заеднички ќе ја реализираме. Велат од власта, имаме многу пријатели надвор, но некако повеќе се грижат како е надвор од тоа како е дома, и не знаат колку пријатели треба да има Македонија надвор, два пати повеќе пријатели треба да има дома. Не може да се тргува со националните интереси за сметка на нивните пријателства. Треба да направиш вистински пријатели надвор и зачувано достоинство дома, порача Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-Оваа стратегија која од власта сакаат да ја спроведат се вика колективна депресија во општеството, на тој начин сакаат кај граѓаните во Македонија да предизвикаат рамнодушност, разочараност и незаинтересираност додека го продаваат националното достоинство на сите граѓани, и во реалноста се случува криминал. Ако си ги одбраниме честа и достоинството ќе си ја одбраниме, и татковината, таа битка нема да биде кратка и едноставна и не можам да ви ветам чуда, бидејќи не ветувам лесно, но тоа што ќе го ветам и ќе го остварам, а тоа е дека Македонија ќе победи, ќе ја вратиме надежта, напредокот и ќе обезбедиме подобра иднина, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top