| четврток, 6 декември 2018 |

Чупиќ: Да го кренеме трофејот и да испишеме историја

Вардарци од денеска се во Келн каде се подготвуваат за саботното полуфинале против Монпелје. Македонскиот тим ја има улогата на бранител на трофејот од Лигата на шампионите, а ќе ја нападнат три француски клуба.

„Минатата сезона ги изненадивме сите со постигнатиот резултат, но изненадувачиот ефект нема да биде присутен и оваа сезона бидејќи противниците станаа свесни за нашите можности“, вели Иван Чупиќ.

„Нашите аспирации беа да завршиме први или втори во групата и тоа беше постигнато. Ја освоивме првата позиција што ни даде време да се подготвиме за четвртфиналето и за СЕХА фајнлфор“.

„Во четвртфиналето имавме тежок противник бидејќи Кил играше одлично минатиот месец. Ситни детали го одлучија победникот, но според мене ние бевме за нијанса подобри и заслуживме да играме во Келн уште еднаш“.

„Француските тимови доминираа во Лигата на шампионите оваа сезона, особено ПСЖ, но Монпелје е нашиот фокус сега. Тие се заедно две, три години со нивниот тренер кој има јасна визија за целите на тој тим“.

„Играат одлично оваа сезона и затоа не е изненадување што елиминираа големите тимови како Барселона и Фленсбург. Играат брзо и непредвидливо со агресивна одбрана. Сигурен сум дека ќе имаме тежок меч“.

Пред да ја освои титулата со Вардар, Чупиќ го крена трофејот со Кјелце па сега има шанса трет пат по ред да победи во Лигата на шампионите.

„Има можност моето име да се запише во историјата на ракометот како играч кој успеал да ја освои Лигата на шампионите три пати по ред. Како и да е за мене тимот секогаш е приоритет и би бил многу посреќен доколку Вардар две години по ред го освои трофејот и тој успех не го постигнал никој претходно. Тоа едноставно би демонстирало дека Вардар е голем тим и oсвојувањата на оваа генерација би биле недостижни во блиска иднина“.

„Овие ракометари со Раул Гонзалез се неколку години и функционираме многу добро на теренот и надвор од него. Вардар има генерација која освои се и сака уште еден успех. Нашата цел е да го кренеме трофејот уште еднаш и да станеме првиот тим кој ја одбранил титулата и на крајот од сезоната да се разделиме како победници“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top