| четврток, 6 декември 2018 |

Вујо мајсторе предвидува тажно сценарио за црвено-црните

Легендата на светскиот ракомет и сегашен селектор на Словенија, Веселин Вујовиќ „знае“ кој ќе ја освои титулата на престојниот фајналфор турнир што се игра во Келн.

Популарниот Вујо иако ги почитува и цени француските состави Моппелје, Нант и Пари Сен Жермен верува дека трофејот одново ќе заврши во Македонија, во Скопје кај нашиот Вардар.

-По она што Вардар го покажува, верувам дека може да стане еден од ретките што ја одбраниле титулата во ЛШ. Тоа е тежок подвиг, натпреварувањето е напорно, има многу тешки натпревари. Според мене Вардар има полесна ситуација против Монпелје кој пред неколку дена загуби од Сент Рафаел во француското првенство. Имаа шанса да станат шампиони и да му ја земат титулата на ПСЖ, но кикснаа и веројатно го загубија трофејот со оглед на тоа што останува само едно коло до крајот. Поради тоа психолошката предност е сега на страната на Вардар. Во однос на другиот меч, мислам дека Нант нема шанса на ова ниво против ПСЖ иако претходно ги победуваа. Прогнозирам финале Вардар – ПСЖ, а иако сум лош прогнозер верувам Вардар ќе ја одбрани титулата. Им давам предноста зошто ги победија и претходната година иако беа аутсајдери, -вели Вујовиќ за „Спортспорт.ба“.

Меѓутоа некогашниот тренер на Вардар воедно „откри“ дека „црвено-црните“ во брза иднина ги очекува црно сценарио идентично како и на жеснката екипа.

-Сметам дека Вардар ќе биде доминантен уште една година. а потоа Сергеј Самсоненко ќе го направи истото што го направи и со женскиот клуб. Кога тоа ќе се случи, мислам дека долго време ќе чекаме на наш претставник на Ф4. Загреб и Целје се добри екипи, ама не можат да им парираат и се далеку од најсериозните европски клубови по организација и се, -истакна Вујовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top