| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанец намерно прегазил полицаец

makedonska-policija

Охриѓанец се налутил кога полицаец пред манастирскиот комплекс „Свети Наум“ му рекол да го препаркира автомобилот. Овиој наместо да го послуша, намерно го прегазил по стапалото.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.К.(45) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. На 03.07.2013 година во 13 часот, на влезот од манастирскиот комплекс „Св. Наум“ во момент кога униформираниот полициски службеник на пријавениот му ја покажал насоката каде треба да го паркира и остави моторното возило истиот игнорирајќи ја наредбата со своето патничко моторно возило марка „БМВ“ го прегазил стапалото од десната нога на полициски службеник нанесувајќи му телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top