| четврток, 6 декември 2018 |

Канческа-Милевска: Кон крајот на годинава Дебар ќе добие камерна сцена

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, заедно со државниот секретар Музафер Бислими, денеска во Дебар се сретна со градоначалникот Ружди Лата, каде што беше  нагласена важноста од соработката меѓу централната и локалната власт преку реализација на повеќе проекти од областа на културата, во насока на унапредување на локалниот културен развој.

Канческа-Милевска го посети и Центарот за култура во овој град, каде што во изминатиот период беа реализирани повеќе проекти од национален интерес кои придонесуваат за културната афирмација на Дебар.

Според министерката за култура, од особено значење е и фактот што минатата година беа издвоени средства за уредување на влезното плато пред објектот на Центарот за култура, со што оваа установа доби нов лик.

20130704_104409

-По реконструкцијата на влезното плато, годинава обезбедивме средства за реконструкција на подрумските простории на центарот кои до крајот на годината ќе се адаптираат во камерна сцена погодна за одржување помали културни активности, како камерни претстави, музички концерти и слично – истакна Канческа-Милевска.

20130704_110530

Од неодамна како дел од проектот на Министерството за култура и Филмскиот фонд за развој на прикажувачката кинодејност, Центарот за култура доби и современ кинопроектор, а  од утре граѓаните ќе можат да ги проследат играните филмови „Војната заврши“ и „Ова не е американски филм“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top