| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската екипа прва стигна на Ф4: Вардарци пристигнаа во Келн (фото)

Европскиот првак Вардар утрово пристигна во Келн каде викендов ќе ги игра натпреварите за одбрана на титулата во Фајнл Форот.

Црвено-црните“ се првиот тим што пристигна во Келн. Французите доаѓаат дури попладне. Денеска нашите момци ќе го имаат и првиот тренинг, пред саботниот полуфинален меч со Монпелје.

Вардар е единствениот тим што две години по ред има машка и женска екипа што настапува на Ф4 турнир во ЛШ. Машката екипа на Вардар се надева дека ќе биде и првиот тим што ја одбранил титулата. Досега на ниту едне тим не му успеало тоа откако е овој систем на играње во ЛШ.

Во Келн се 19 ракометари кои сезонава настапуваа на натпреварите во лигата на шампионите. Дебитанти на Ф4 од Вардар се Мартин Поповски и Даниел Ѓорѓески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top