| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски до Заев: Само провизии ве интересираат!

Во текот на вечерашниот ТВ дуел на Заев и Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ изнесе интересна забелешка за најчесто употребуваниот збор од страна на Заев во дебатата, а тоа е зборот “провизија“.

Мицкоски истакна дека е интересно што Заев го интересираат само провизии, бидејќи во целиот тек на дуелот ги споменува.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ алудираше на моќта на потсвеста и ситуација каде што говорникот несвесно кажува нешто на што континуирано размислува.

– Господине Заев, оптеретен сте со ова провизииве, само тоа ви се врти од прееска во разговор. Што е работава? Да се потсетиме дека само пред неколку дена „заробеното судство“ како што опозицијата го нарекува го ослободи актуелниот премиер за барање мито од неверојатно 200 илјади евра од струмички бизнисмен, а претходно го преквалификува делото од примање во барање мито, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top