На ТВ дуелот помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на опозицијата изнесе интригантен податок за советник во владата на Заев чија фирма транспортира гас од Бугарија. Говорејќи за договорот за добдрососедство со Бугарија, Заев го спомена гасоводот со Бугарија на што Мицкоски реплицираше дека гасоводот со Бугарија постои одамна. Мицкоски забележа дека во моментот искористеноста на гасоводот кај Крива Паланка е помалку од 25 проценти, а Струмица се снабдува со гас кој го транспортираат камиони кои се во сопственост на советник во Владата на Заев. Во однос на гасоводот Мицкоски забележа дека на Македонија и треба алтернативен гасовод кој ќе доведе до алтернативна цена, односно гасоводно поврзување со Грција.
-Ние имаме гасовод кон Бугарија уште многу одамна. На Жидилово завршува во Крива Паланка, и тој не е искористен ни 25 проценти од неговиот потенцијал. Ама сега ќе направиме и на Петрич и наместо да носиме со камиони гас во Струмица ќе носиме со таа линија. Наместо вашиот советник и неговата фирма можеби сега ќе имаме и поголема конкуренција, па можеби некоја друга фирма ќе може да донесе гас таму. Не господине Заев, гасовод треба со Грција да направите за да имате навистина алтернативен гасовод и навистина алтернативна цена за гас во Република Македонија. Ви стојам на располагање за овие теми да ви помогнам. За ваше добро, за доброто на граѓаните и за доброто на Република Македонија. Тоа е суштината на опозицијата, истакна тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст