Премиерот Зоран Заев вечерва во дуелот со претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара отвореност на опозицијата во однос на последниот предлог на македонскиот преговарачки тим во спорот со Грција за името, но не доби конкретен одговор што му недостига на предлогот Република Илинденска Македонија.
Заев, исказите на Мицкоски ги оквалификува како „киша око Крагуевац”, а на тоа Мицкоски обвини дека власта ги распродава националните интереси и додаде:
-Јас не сум „како киша око Крагуевац”, туку како надојден Вардар со многу факти и аргументи.
Оваа полемика беше на тв дуелот во пакетот прашања за надворешната политика односно решавањето на спорот за името со Грција и потпишаниот договор за добрососедство со Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст