| четврток, 6 декември 2018 |

Со поразот на следните избори на СДСМ, ќе дојде крајот на транзицијата во Македонија

– Во моментов минуваме низ фаза на внатрешна реорганизација во која сме на самиот крај. Креираме проекти кои ќе ги презентираме мнгу наскоро, дел летово, дел понатаму во средби со граѓаните, но дел и наесен. Оваа генерација на политичари на ВМРО – ДПМНЕ има задача да заврши со транзицијата. Со поразот на СДСМ на следните избори доаѓа крајот на транзицијата, истакна лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Доаѓа нова ера која ќе значи успех и проекти кои ќе го донесат тој подобар живот. ВМРО ДПМНЕ како одговорна опозиција ќе продолжи одговорно да учествува во парламетот и да партиципира и да ги корегира погрешните политики на власта, потенцираше Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел на МРТВ со премиерот Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top