| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Не е важен Христијан или Зоран, важен е народот на Република Македонија

– Ние бараме решенија за реалните проблеми на граѓаните бидејќи народот е оној кој оваа држава ја изградил. Затоа, ние треба да најдеме солуции и алатки со кои на овој народ ќе му обезбедиме иднина, со кои бројните мои студенти ќе се вратат дома и на сите ќе им понудиме подобар живот.

– На 2 јуни ќе имаме сенароден собир на кој ќе го започнеме работното лето на нашата партија, по кое ќе следи интензивна есен. На крајот на денот, не се важни Зоран или Христијан и нивните рејтинзи, важен е народот за кој сакаме да изградиме подобро општество, истакна лидерот на ВМРО – ДПМНЕ во ТВ дуелот со премиерот Заев вечерва на МРТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top