| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Заев сам си признава дека нивната политика е да ги смени главните уредници и да ги контролира медиумите

Видовме како Зоран Заев ја замислува реформата во медиумите. Во две реченици ни беше се кажано- најпрво да ги смениме луѓево, а потоа да видиме каква ќе биде уредувачката политика. Од сам старт вие дефинирате пристрасност. Вие во една реченица ја дефиниравте целокупната реформа, а тоа е како да ги замените луѓето, да донесете нови, да ги замените и главните уредници. Вака му реплицираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на премиерот Зоран Заев на ТВ дуелот, кој пак побара да се донесат закони и да се изберат нови управувачки одбори на АВМУ и на МРТВ.

-ВМРО-ДПМНЕ има една принципиелна позиција, а тоа е дека сето она кое што е добро за медиумите, впрочем за тоа имавме и состанок пред некој ден, апсолутно нема никаква дилема, ВМРО-ДПМНЕ го поддржува, стои во одбрана на истото, сака да обезбеди независност, транспарентност, отчетност и подобра конкурентност на медиумите во Македонија и ќе го поддржи сето тоа, рече Мицкоски и додаде:

„Но, сето она што го кажа Заев, а што значи директно мешање на политиката во работата на медиумите ВМРО-ДПМНЕ не може да го поддржи“.

Инаку, Заев побара да се донесат закони и да се изберат нови управувачки одбори на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и на Македонската радио-телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top