| четврток, 6 декември 2018 |

Што открива за вас положбата во која седите?

Седите исправено, со скрстени нозе, потпрени… Секоја положба кажува многу за вас.

Исправени сте додека седите

Вие сте лице со силна волја и полни со самодоверба. Никогаш не се двоумите околу потезите кои ги правите во животот. Сакате се’ да знаете и да имате се’ под контрола. Сакате да помагате на другите.

Потпрени сте на грбот

Чувствителни сте и симпатични и никогаш не сте рамнодушни кон чувствата на другите. Внимателни сте при одлучувањето и склони кон анализирање. Пред да донесете важна одлука долго ја проучувате ситуацијата, ги споредувате деталите.

Навалени сте нанапред

Оваа поза е карактеристична за луѓе кои лесно се занесуваат и заинтересирани се за многу работи во различни полиња. Вие сте умерено љубопитни и отворени за нови познанства. Знаете како да се договорите со другите, вешто давате комплименти и знаете да ги фалите своите соговорници.

Нозете една преку друга

За вас може да се каже дека сте скромни, помалку срамежливи и често ви е непријатно во друштво со непознати. Склони сте на криење на емоциите, па другите мислат дека сте затворен човек.

Дланките меѓу нозете

Многу нежни, чувствителни и добронамерни. Не ги игнорирате проблемите на другите, реагирате веднаш и давате се од себе да им помогнете.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top