Новата книга „Природно убави со Биодевојка“ од блогерката Вики Андонова, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде промовирана денеска (вторник, 22 мај) во 18 часот во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ (Public Room).
„Природно убави со Биодевојка“ содржи 175 природни, органски рецепти за нега на лице, тело и коса, што можете да ги подготвите во домашни услови. Рецептите се едноставни, практични, функционални и економични. Поголемиот дел од нив се подготвуваат со состојки што веќе ги имате во вашата кујна.
– Откако го отворив својот блог „Биодевојка“ и активно почнав да пишувам за органската козметика со природни рецепти за нега на кожата и косата, дојдов до идеја сето тоа да го преточам во една книга. Оваа книга е еден мал водич не само за оние што првпат се запознаваат со органската козметика и со природниот начин на нега туку и за оние што ваквиот начин на нега веќе го прифатиле како животен стил. „Природно убави со Биодевојка“ не се чита само еднаш. На неа постојано можете да се навраќате, секогаш кога ви се потребни совети за негата. Правењето на природни средства за нега во сопствените домови не значи само можност за заштеда и забава туку значи и правење на козметички производи што се свежи (направени во моментот) и богати со активни состојки што се од огромно значење за здравјето и за убавината на кожата и косата – вели Вики Андонова.
Приказна на авторката со органската козметика почнала пред 12 години, кога се преселила во Рим, каде што живее и сега. Во моментов ги привршува студиите по природна и органска козметика во едно приватно училиште, а специјално за промоцијата деновиве гостува во Скопје.
На промоцијата во „Јавна соба“ ќе има многубројни изненадувања. Андонова ќе одржи козметичка работилница, на која ќе направи органски производи по рецептите објавени во книгата. За првите 50 купени книги на промоцијата следува и подарок (по случаен избор).
На крајот од промоцијата авторката ќе потпише примероци од „Природно убави со Биодевојка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст