-Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви- напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува за Њујорк, каде што треба да се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас. Преговорите продолжуваат со посредство на медијаторот Метју Нимиц, а средбите се најавени за в четврток и в петок.
Коѕијас, пак, кој од вчера е во Вашингтон, веќе се сретна со американскиот државен секретар Мајк Помпео и индиректно потврди дека Атина не размислува за последниот предлог – Република Илинденска Македонија.
-Ние ја поддржуваме потребата да прифатиме едно од имињата што ги предложи Нимиц. Не се согласуваме, како што знаете, со петтото име од неговите предлози (Република Македонија (Скопје)) и одиме напред кон усвојување на еден стратегиски план за пријателска соработка со оваа земја во иднина, со нејзиното ново име – изјавил Коѕијас.
Од друга страна, пак, премиерот Заев вчера изјави дека предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа и побара грчаата страна уште еднаш да размисли.
– Тие информираа дека не пости парламентарно мнозинство за оваа работа, но се надевам дека преспиваат и добро размислуваат. Илинденското востание нема територијални претензии. За нас е важно зашто ова име го јакне идентитетот, а Грција добива одредница и уставни промен. Ова е вин-вин ситуација. Очекувам длабински да се разгледаат работите, да му дадеме шанса на овој предлог кој верувам дека е решение за 25-годишниот спор, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.