Судијата Осман Шабани, кој е член на судискиот совет за предметот „Титаник 2“, им нареди на припадниците на судската полиција на снимателот на ТВ „Сител“, кој имаше дозвола за снимање од Врховниот суд, да му ја избришат снимката откако претходно, снимателот, покрај обвинетите, ги сними и судиите, јави Макфакс.
– Избришете му ја целата снимка, им нареди Осман Шабани на припадниците на судската полиција.
Никаде во Судскиот деловник ниту во Законот за кривична постапка нема одредба во која е забрането снимање на судиите кога за тоа е обезбедена дозвола од највисокиот суд. Ова слободно толкување на одредбите важи и за речиси сите останати судии кои не им дозволуваат на снимателите да го снимаат судискиот совет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст