На досегашниот парк со детски реквизити во општина Аеродром, на просторот до Тобако 2, ќе се издигне станбено-деловен објект „Порта Аеродром“. Тоа е локацијата каде деновиве работеа машини, се сечеа дрвја и се спремаше теренот. Паралелно реагираа граѓански иницијативи, а револтирани граѓани урнаа дел тараби. Синоќа наоколу кружела и полиција.
– Јас сум од Берово и во Аеродром се имам доселено пред 10 години предходно живеев во Кисела Вода. Зградава во која што живеам во моментов е понова, и не знам како ама 80 проценти од населението во нејзе имаат беровска жичка па така оваа зграда си ја викаме беровска зграда. Околните згради се населени од другите градови , но има и жители кои си ги продаваат куќите од Бутел, Ченто и доаѓаат од оваа страна на Вардар…вели Ванчо од Аеродром за Скопјеинфо.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија има Скопскиот регион со 42,9 проценти, додека најмало учество има Североисточниот регион со 5,2 отсто. Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 143.3, Југоисточниот регион со индекс 116.9, Вардарскиот регион со индекс 108.0.
Ако во 1914 во Скопје живееле само 47.384 жители (во скопската околина 51.364 жители), со пописот во 2002 година беа изброени 506.926 жители. Со оглед на тоа дека попис на населението не е направен 14 години, а градот забрзано расте, се претпоставува дека сега бројот на жители е многу поголем од оној во 2002 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст