| четврток, 6 декември 2018 |

Нова сообраќајка на местото каде загинаа двајцата косовски полицајци

Автомобил со двајца патници синоќа околу 22 часот паднал во реката Лепенец, кај месноста Кула со Чешма во близина на Качаник, на истото место каде што пред неколку недели загинаа двајцата косовски полицајци, Маљсор Гаши и Арменд Трена, но овој пат без трагични последици, јави дописникот на МИА од Приштина.

Возачот Газменд Брава (35) и совозачот Џемил Љоку (29), двајцата од Генерал Јанковиќ, успеале да се излезат од возилото „Голф 2“. Тие оделе од Генерал Јанковиќ за Качаник, по алтернативниот пат покрај Лепенец, кога, веројатно поради обемните врнежи, се лизнале во надојдената река, на истото место каде што падна полициското возило со Гаши и Трена ноќта на 28 април.

На местото на настанот веднаш излегле неколкумина локални жители кои помогнале во извлекувањето на возилото од водите на Лепенец.

– Обемниот дожд и надојдената река поплавија и дел од механизацијата на „Бхтел Енка“, која ги изведува работите на автопатот „Арбен Џафери“, изјави за порталот „Индексонлине“ еден од спасителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top