Верниците на православната црква денеска го одбележуваат летниот Свети Никола, празник посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај – Мирликискиот чудотворец.
Во прашање е спомен на настанот кога моштите на овој светец се пренесени од Мир во Бар.
Иако календарски не припаѓа на лето, поради најчесто убавото време кога паѓа овој празник, во народот се нарекува и летен Свети Никола.
Според верувањата, на овој ден никако не е добро да се пере, чисти домот и да се работат било какви домашни работи. Во некои краеви се одржал обичајот да се даруваат децата на денешниот празник, бидејќи Свети Никола е и нивен заштитник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.