Шефот на дипломатијата Никола Димитров изјави дека не гледа посоодветен предлог за решавање на спорот од Република Илинденска Македонија
– Не гледам во моментов посоодветен предлог околу кој и двете преговарачки страни имаат согласнот за решавање на спорот, рече Димитров во емисијата „Печат на неделата на „1ТВ“.
Посочи дека Илинден го има во двете преамбули на Уставот и оти тоа се двата столба на нашата државност.
– Тешко е да си за Македонија, а да не си за Илинденска Македонија, рече Димитров.
Шефот на дипломатијата,исто така, рече дека ќе се смета себеси за одговорен ако не успее процесот на преговори за решавање на проблемот со името со Грција.
– Веднаш ќе потпишам оставка, ако мислам дека тоа ќе и помогне на Македонија и дали ќе биде подобра без мене, дали процесот ќе биде подобар без мене. Прашањето на мојата лична одговорност е имаше ли нешто што можеше да го направам, а не го направив и направив ли нешто што не помогна. И без одговорност, ако има ефект мојата оставка да помогне, апсолутно сум спремен во кое било време да ја поднесам, тоа е поголемо од мене- рече Димитров на прашањето „каде ја гледа својата одговорност ако не успее преговарачкиот процес“ за „1ТВ“.
Додаде дека во пакетот за името, Грците се согласни дека ја признаваат македонската нација, а јазикот со овој предлог треба да биде македонски, со превод на сите јазици, со што не се заканува македонскиот идентитет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.