| четврток, 6 декември 2018 |

Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал

Филмот „Крадци“ на јапонскиот режисер Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал кој завршува вечерва. Режисерот ја прифати наградата на јапонски јазик и ја посвети на целиот тим вклучен во филмот.

Надин Лабаки ја освои наградата од жирито, а Спајк Ли освои Гран при за „Црниот член на Кју-Клукс-Клан“.

Полскиот режисер Павел Павликовски ја доби наградата за најдобар режисер за филмот „Студена војна“, Марчело Фонте за најдобар актер во филмот „Догман“, а Самал Јисламова за најдобра актерка во „Ајка“.

За наградите одлучи жирито во состав : австралиската актерка, која беше и претседателка, Кејт Бланшет, актерките Кристин Стјуарт и Леа Сејду, американската писателка и режисерка Ејва ДуВернеј , пејачката и композиторка Каџа Нин од Бурунди, кинескиот актер Чанг Чен, канадскиот режисер Денис Вилнев, францускиот писател Роберт Гудигијан и рускиот режисер Андреј Звјагинцев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top