| четврток, 6 декември 2018 |

Пенс по разговорот со Ципрас: Грција и Македонија се пред историска можност

Американскиот потпретседател, Мајкл Пенс и грчкиот премиер, Алексис Ципрас, телефонски разговарале за преговорите за изнаоѓање решение за името на Република Македонија, по што Пенс на социјалната мрежа „Твитер“ го соопшти својот став во врска со најовите напори за надминување на овој спор.

„Денеска зборував со грчкиот премиер Ципрас. Му се заблагодарив за лидерството кое го покажуваат заедно со македонскиот премиер Заев, во врска со напорите за решавање на долгогодишниот спор околу името. Ова е историска можност. Се надевам дека двете страни ќе изнајдат заеднички прифатливо решение, во насока на мир и стабилност во регионот“, напиша американскиот потпретседател во пораката објавена на социјалната мрежа „Твитер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top