| четврток, 6 декември 2018 |

Драма на паркингот кај салата Борис Трајковски: Едно лице повредено при тепачка синоќа

На 20.05.2018 година В.Д.(40) од Скопје, пријавил дека околу 00.05 часот на булевар „8-ми Септември“ поточно на излезот од паркингот кај Спортски центар „Борис Трајковски“ бил физички нападнат од лице кое управувало возило „Тојота Ланд Крузер“.

Додека пријавителот со неговата сопруга се движеле пеш, при разминување со посоченото возило од него излегло едно лице кое физички го нападнало пријавителот нанесувајќи му видливи повреди.

Откако биле раздвоени од две лица кои исто така биле во возилото, сторителот со возилото тргнал кон пријавителот и удрил во канделабра, а притоа го удрил и пријавителот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top