Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје поради утрешното шестто издание на спортско рекреативна трка „Прв до врв“.
Во периодот од 9:40 до 12:45 часот ќе се одржи шестото издание на спортско рекреативна трка „Прв до врв“ организирана од страна на Здружение за спорт и рекреација.
Спортско рекреативната трка „Прв до врв“ се состои од планинарска и велосипедска трка. Велосипедската трка ќе се организира на потегот од пред Музеј на град Скопје – булевар „Св. Кирил и Методиј“, лево по булевар „Св. Климент Охридски“, во продолжение по булевар „Мајка Тереза“ лево по улица „Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до Врв на Водно („Милениумски Крст“).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.