| четврток, 6 декември 2018 |

Во „Тенк“, не остана тврдење на СЈО кое одбраната не го поби со цврсти и непобитни докази

Во случајот „Тенк“, не остана тврдење на СЈО кое одбраната не го поби со цврсти и непобитни докази. На една страна останаа манипулациите и конструкциите од пресовите на Заев, кои СЈО се нафати да ги брани, на другата страна доказите и вистината. Додека судот размислува, едно потсетување за фактите.

Во однос на тврдењето дека Ѓоко Поповски, како помошник на министерот, ги пречекорил своите овластувања и сторил кривично дело, во текот на постапката обвинителството не предложи ниту еден доказ со кој би се аргументирало ваквото тврдење. Затоа пак одбраната недвосмислено потврди дека на Ѓоко Поповски, целосно му било пренесено овластувањето за спроведување на јавните набавки и тој постапувајќи во рамките на своето овластување (како лице со генерално овластување и пренесено овластување да спроведува постапки за јавни набавки во МВР од 2012 кои всушност претставувало континуитет и обновување на овластувањето што го добил уште во 2008 година), во согласност со ЗЈН, ги донел потребните акти поврзани со конкретната набавка, односно како што пропишува законот, во рамките на средствата кои биле обезбедени со буџетот за 2012 година донел Одлука за јавна набавка. Врз основа на оваа одлука изготвена е Тендерската документација, чиј составен дел е и техничка спецификација за карактеристиките на возилото. Наспроти тврдењето на СЈО, од исказите на сите сведоци кои биле директни учесници во постапката, без разлика дали се предложени од СЈО или од одбраната и од сите изведени материјални докази, не произлезе дека Ѓоко Поповски ја изготвил или учествувал во изготвување на техничката спецификација како составен дел од тендерската документација. Впрочем и самото МВР, предводено од Оливер Спасовски, на барање на СЈО, за потребите на судската постапка даде појаснување за законските основи, текот на постапката и постапувањето на секој учесник во постапката, вклучително и Ѓоко Поповски, за што беше приложена и соодветна документација од која се потврдува дека освен дејствијата кои произлегуваат од неговите овластувања, за Ѓоко Поповски не постои никаков доказ дека извршил било какви други дејствија во врска со предметната јавна набавка кои би биле спротивни на ЗЈН.

Во текот на постапката СЈО се обиде да ја спори висината на проценетата вредност на набавката и постапката за нејзиното утврдување. Одбраната повторно преку цврсти докази вклучително и со писмено појаснување од МВР, што беше потврдено и сведоци, во целост го поби тврдењето на СЈО. Согласно словото на Законот за јавни набавки се потврди дека врз основа на утврдените извори на финансирање договорниот орган донесува план за јавни набавки во кој се утврдува проценетата вредност и видот на постапката за набавка, а начинот на проценување на истата ја прописшува министерот за финансии во соодветен правилник. Според овој Правилник во случај на промена на проценетата вредност не е потребно да се менува планот за јавни набавки. Доказите потврдија дека иако СЈО тврдеше поинаку, целиот износ на средства потребен за спроведување на набавката бил обезбеден во Буџетот на МВР, набавката била планирана во планот за јавни набавки за 2012 година, а при проценка на нејзината вредност биле испочитувани сите прописи кои ја регулираат оваа материја и истата не одстапува од висината на средствата кои биле обезбедени во Буџетот за 2012 година ниту го преминува прагот кој се однесува на видот на јавната набавка.

СЈО на манипулативен начин се обиде да протне теза дека МВР во 2012 планирало да набави половно возило, но тезата пропадна, а документите покажаа дека не е така. По тендерот за набавка на половно возило во 2011, кој бил поништен од причина што ниту еден оператор не доставил понуда, од индикативните понуди било кристално јасно дека разликата во цената помеѓу ново и користено возило е незначителна. Па така МВР уште со буџетскиот циркулар кој го доставило во последниот квартал од 2011 до министерството за финансии, побарало да се обезбеди целиот износ на средства потребни за набавка на ново блиндирано возило. Средствата биле обезбедени во Буџетот за 2012, а МВР согласно планот за јавни набавки од јануари 2012 спровело постапка за набавка на ново возило за кое платило цена што е во рангот на цените кои во претходната 2011, економските поератори ги дале за половно возило од истата класа.

За потсетување, додека СЈО ги прераскажуваше пресовите на Заев, одбраната со документи докажа дека според индикативните понуди, цената на новото блиндирано ПМВ набавено во 2012 е во рангот на цените кои во 2011 биле понудени за КОРИСТЕНИ-ПОЛОВНИ БЛИНДИРАНИ ПМВ кои изнесувале:
1. AUDI A8 6.0 W12 QUATRO Security (продолжена верзија) (заштитена категорија VR6/VR7) 328.412 евра со вклучен ДДВ и
2. BMW 760 LI High Security (HP81) (се смета за еквивалент на возилото набавено во 2012), со стандардна опрема 567.616 евра со сите давачки, што е речиси идентична цената за новото ПМВ со највисок степен на заштита набавено од страна на МВР (35.226.000,00 денари со вклучени давачки кон државата).

Истото се потврди и од другите доказите предложени од самото СЈО, според кои Мак кар во 2012 во својата понуда имал две возила со заштитена категорија VR6/VR7 и цената на возилата BMW 7 series Limousine High Security 750iL била 309.000 euro, а на 760iL (кое се смета за еквивалент на возилото набавено од страна на МВР во 2012) е 345.000 euro без давачки односно разликата во однос на набавеното возило од страна на МВР во 2012 која изнесувала била 345.272 евра без давачки, е само 272 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top