Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска го посети селото Пеленица, од каде што испрати порака дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и оваа зло коешто надвиснало над нашата татковина.
–За тоа ни е потребно обединување. Секогаш во историјата кога ВМРО-ДПМНЕ застанало цврсто во одбрана на државните и националните интереси, потребно било обединување под бајракот на слободата и напредокот. Така ни е потребно и овој пат. Секаде каде што одам низ нашата татковина, се среќавам со луѓе. Пред очите можам да им забележам очај, разочараност, од очите можам да им забележам резигнираност. Може и не знаат колку овие од власта ја задолжуваат нашата татковина, колку помалку странски инвестиции имало оваа година во однос на минатите години. Но знаат едно, дека наутро кога почнува битката како да го поминат денот, како да ги прехранат своите семејства, новчаникот им е празен. И тоа ги боли. И мене ме боли и мора да направиме да ни биде подобро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст