На прес-конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Дејан Митески, кажа дека Советот на општина Аердром изгласал нов детален урбанистички план со кој се предвидува изградба на нови згради.
„Во четвртокот мнозинството во Советот на општина Аеродром предводено од СДСМ на шверцерски начин донесе нов детален урбанистички план за просторот покрај булевар Трета Македонска Бригада, со кој се предвидува изградба на 4 нови станбени блокови со површина од над 90.000 м2 површина. Тоа се 4 нови висококатници, од кои 2 нови станбени згради со висина од 8 ката и 40.000 м2 површина и две нови деловни згради со висина од 5 ката и 50.000 м2 површина“ рече Митески од ВМРО ДПМНЕ.
Митески уште кажа и дека градоначаланикот ги предложил измените на урбанистичкиот план без претходна консултација со жителите на општината и побара Марин да одговори „зошто било потребно целото брзање и за чии бизнис интереси се работи“.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе ги искористат сите правни механизми да го оспорат овој ДУП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст