Во Клубот на пратеници почна лидерската средба, на која премиерот Зоран Заев ќе ги информира претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на партиите за деталите од средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас и за можноста да се даде шанса за евентуално решение што би било прифатливо за двете страни.
На средбата присуствуваат претседателот Ѓорѓе Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
На средбата се присутни и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Група граѓани обединети под Соцето од Кутлеш, со транспаренти „Запрете го холокаустот на Македонците“ ги пречекаа лидерите пред Клубот на пратениците.
Изминатите два дена во одредени медиуми се појави информацијата дека најновиот македонски предлог за името во преговорите со Грција бил „Република Илинденска Македонија“. Владата вчера ниту ја потврди, ниту демантира информацијата, а грчкиот весник „Катимерини“ објави текст со изјава на извор близок да македонскиот премиер и до шефот на македонската дипломатија во која тој тврди дека двете страни се блиску до договор за името „Илинденска Македонија“.
Фото: Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст