Технички средства и одредена количина на денари и американски долари одзела полицијата по вчерашната контрола во објект без фирма во тетовското село Теарце што без потребните документи работел како обложувалница информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци контролата во објектот била спроведена вчера 15 минути пред 16 часот и тука како вработен бил затекнат А.И.(24) од Јажинце додека одговорен на објектот бил А.М.(54) од Тетово.
– Поради работење без лиценца, спротивно на Законот за приредување игри на среќа, фотодокументирани и од објектот со потврда биле одземени пет телевизори, три компјутери, исто толку монитори, два принтери, еден читач, четири тастатури, четири тикети и парични средства во вкупен износ од 5150 денари и 10 американски долари. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот рече Јосифовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст