| четврток, 6 декември 2018 |

Радишанец завршил под тркалата на фолксваген пасат

Дваесет и четиригодишен возач од село Љубин синоќа на улицата „Радишанска“ во Скопје удрил во 22-годишен пешак. Повредениот пешак Л.А. со возило на Итната медицинска помош е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде е задржан на лекување.

Незгодата се случила во 23 часот кога возачот Б.Ф. управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ удрил во пешакот. Извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.


Фото илустрација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top