Работодавачите во Србија од октомври годинава ќе можат на своите вработени да им ја исплаќаат заработката и во неработни денови, дури и ноќе, а граѓаните истиот момент на своите сметки ќе ја имаат уплатената сума на пари.
Ова го овозможува новиот „инстант“ платен систем кој од октомври ќе го пушти Народната банка на Србија, информира за Тајуг, генералниот директор на Секторот за платен систем на НБС, Драгана Станиќ.
-Работниците за неколку секунди ќе ја добијат платата, ако работодавачот реши и и каже на својата банка: Сакам оваа транскација да се изврши како инстант плаќање, бидејќи сите банки тоа ќе можат да го понудат и на клиентите и на работодавачите- вели Станиќ.
Досега праксата била, доколку работодавачот реши во петок попладне да исплати плата на вработените, парите да легнат на сметка, дури во понеделник, или во случај да сеп огоди празник, дури после него.
Станиќ објаснува дека по налог на работодавачот, транскацијата за неколку секунди ќе помине низ платниот систем на НБС, а банката во која граѓаните имаат сметка, должна е тие пари веднаш да ги префрли на сметка на клиентите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.