| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка кражба вчера во стан во Центар: Ја обиле вратата и украле два пиштоли и 7 500 евра

Вчера во 16.30 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено било дека во периодот од 10.00 до 15.45 часот непознат сторител извршил тешка кражба во стан на ул. „Златко Шнајдер“ во Скопје.

Сторителот со употреба на сила ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел пиштол „ХС“ калибар 9мм со две рамки со по 15 куршуми, револвер „ЦЗ М 83“ калибар 38 мм со едно пакување со 25 куршуми и околу 450.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top