Со дадена заклетва за ненасилство и со звуците на музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“ денеска точно напладне на плоштадот „Македонија“ во Скопје околу 1.000 матуранти го одиграат традиционално танцот квадрил.
Матурантите од Скопје танцуваа истовремено со нивните врсници од 62 града во Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој присуствуваше на манифестацијата, им порача на матурантите во текот на целиот живот да ги задржат ентузијазмот и енергијата која сега ги имаат и да бидат посветени кон се што ќе го работат.
– Ако човек успее младешкиот жар и ентузијазам да ги задржи во текот на целиот живот неминовно ќе има успешни резултати. Затоа задржете ги ентузијазмот и енергијата кои сега ги имате и бидете посветени кон се што работите во животот за да може да успеете, рече Шилегов.
Како градоначалник најави дека ќе се грижи Скопје да стане модерен, европски и безбеден град во кој, како што рече, не се сомнева дека матурантите ќе одберат да го продолжат својот живот.
Матурската парада почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија за првпат се одржа во 2007 година во Скопје и Охрид.
Организатори се Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје, под покровителство на Град Скопје и Делегацијата на Европската унија.
Гевгелиските матуранти танцуваа на звуците на Штраус
На шеталиштето во Гевгелија, 152 матуранти од СОУ „Јосиф Јосифовски“ точно на пладне го одиграа познатиот квадрил од Штраус како дел од годинашнава „Матурска парада“ која се одржа по 12-ти пат.
Тие со своите врсници од неколку градови од Македонија и 62 града од неколку европски земји го славеа матурирањето давајќи истовремено подршка на ненасилството и толеранцијата со потпишување заклетва.
Пред почетокот на матурскиот танц, градоначалнкот на Гевгелија Сашо Поцков им се обрати на матурантите со честитки по повод матурската парада.
– Денес вие затворате една од најубавите страници во својот живот, но истовремено отворате нова страница која треба да ве воведе во светот на возрасните, полн со сите предивици што ги носи животот, нагласи Поцков.
Тој им посака на матурантите лична среќа и успех во понатамошното школување, храброст и остварување на сите желби и убави нешта во животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст