Посетителите на 19-та Литературна манифестација „Илинден 2018“, имаа ретка можност во Домот на култура „Илинден“, во општина Илинден, да остварат средба со словенечкиот писател Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Словенија во Република Македонија. Одржувајќи беседа за неговото творештво, портретот на Јазбец го претстави писателот Блаже Миневски, а стихови од поетската книга „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ интерпретираше писателката Кристина Николовска.
-За разлика од дипломатијата која најчесто бара индиректен начин да дојде до целта, поезијата доаѓа до суштината, до сржта на проблемот, директно и без предрасуди. Во тој контекст, песните на нашиот автор – поет со дипломатска биографија-немаат класичен наслов, туку веднаш, со првиот стих, влегуваат во јадрото на темата како низ порта зад која скалило по скалило се спуштаме до главната поента на песната. Притоа, секој нов чекор е нов басамак, затоа што секој збор е стих и секој стих е збор, истакна Миневски зборувајќи за творештвото на писателот и дипломат Милан Јазбец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст