| четврток, 6 декември 2018 |

Венчавката на Хари и Меган ќе чини околу 40 милиони евра!?

Британските медиуми започнаа да шпекулираат со информацијата колку ќе чини свадбата на годината во светот, на принцот Хари и американската актерка Меган Маркл во Виндзор.

На 19 мај во сабота наместо нејзиниот татко Меган пред олтарот ќе ја изведе таткото на Хари , принцот Чарлс.

Според нивните информации венчавката ќе чини околу 40 милиони евра, прецизно 41,16 милиони евра, најголемиот расход е за обезбедувањето.

„Бизнис инсајдер“ пренесува дека трошоците за обезбедување, вклучувајќи го и ангажманот на полициските сили го плажа британската влада,а кралското семејство ќе ги сноси сите останати трошоци.

Меган , листот наведува дека само ќе ја плати венчаницата (околу 460 000 евра) и наводно ќе носи тијара вредна 600 000евра, која за оваа прилика ќе ја добие кралицата Елизабета од нејзината богата колекција.

Како за споредба за венчавката на принцот Вилијам и војвотката Кејт во 2011 година трошоците биле 28,85 милиони евра.

Инаку трошиците за една просечна венчавка во Британија изнесуваат околу 30 000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top